По веста дека премиерот на Косово Рамуш Харадинај сам си ја зголемил платата со објаснување дека „костумите и вратоврските чинат“, вчера беше организиран интересен протест во Приштина.
Преку социјалните мрежи беше иницирана акција за собирање вратоврски за премиерот. Идејата е да се соберат 365 вратоврски за да може премиерот да има нова за секој ден од годината.
Иницијаторите на „хуманитарната акција“ за помош на Харадинај пред зградата на владата закачија над 200 вратоврски.

Иницијаторот на акцијата, Куштрим Мехмети, рече дека оправдувањето на премиерот да си ја зголеми платата е навреда за граѓаните на Косово.
Во интервјуто за приштинските медиуми, Харадинај, претходно изјави дека си јазголемил платата на 2.950 евра поради потребата да купува кошули и вратоврски што му се потребни за вршење на функцијата премиер.






