360 степени: Дали Лавров, сепак, ќе слета во Скопје!?

Владата ја отстранила забраната за прелет и слетување на руски државни воздухоплови над и во земјава, дознава „360 степени“ од владини извори.



Блинкен доаѓа на ОБСЕ во Скопје – за Лавров одлучуваат соседите

Тоа значи дека нема формална пречка за авион, во сопственост на руската држава, да слета на некој од аеродромите во Македонија.

„Владата му дала одобрение на Министерството за надворешни работи (МНР) да одлучи дали ќе се тргне забраната за прелет на руски авион со што ќе се овозможи руската делегација, вклучително и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, да слета во Скопје за Министерскиот совет на ОБСЕ што треба да се одржи на 30 ноември и 1 декември.

Информацијата за Радио Слободна Европа ја потврдија од МНР, а одлуката била донесена денеска (24 ноември) на владина седница.

Славјанка не го сака Лавров во Скопје

Македонија се приклучи на рестриктивните мерки за Руската Федерација воведени по агресијата на Украина, а сегашната одлука доаѓа во пресрет на Министерскиот совет на ОБСЕ, кој треба да се одржи од 29 ноември до 1 декември во Скопје.

Засега нема потврда дека ова значи и доаѓање на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на министерскиот состанок на ОБСЕ.

Дипломатски извори во ОБСЕ, пак, брифираат дека се очекува во Скопје да дојде Марија Захарова, портпаролката на руското МНР.