Со поддршка на пратениците од коалициониот блок, СДСМ денеска го поднесе барањето за свикување седница до претседателот на парламентот Талат Џафери..
Потписи те се од пратеници на СДСМ и од НСДП, ЛДП, Алијансата на Албанците, ДПА, Беса, Алтернатива и пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ
Иницијативата стигна во собраниската архива, потврдија собраниски извори.
На иницијативата има 35 потписи, но не и пратениците на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.
Според собранискиот деловник претседателот на Собрание може да свика седница по барање на најмалку 20 пратеници.





