На пленумот на БКП на 10 нември 1989 година беше прифатена оставката на комунистичкиот диктатор Тодор Живков, кој беше генерален секретар на бугарската комунистичка партија цели 35 години.
Падот на Живков, кој многумина го сметаат за внатрепартиски пуч, се смета за почеток на демократските процеси во Бугарија. На негово место на чело на партијата и државата на кратко беше избран Петар Младенов.
Жељо Желев, прв демократски избран претседател на Бугарија (1990 до 1997 година) го дефинира овој период како државен удар и „уставна промена“ на државата, а заедно со последователните настани и протести периодот се нарекува и „тивка револуција“.
Следната година, Бугарија беше управувана од владиасо премиерот Андреј Луканов. Економската состојба во земјата е исклучително тешка и овој период останува во историјата како „луканова зима“.
Во следните години Бугарија доживеа неколку кризи. Врвот беше за време на владеењето на Жан Виденов, кога високата инфлација и брзото осиромашување доведоа до масовни протести.
Економската состојба почна да се стабилизира дури по воведувањето на Валутен одбор од страна на преодната влада на Стефан Софијански во 1997 година.
По падот од власт, Живков извесно време беше уапсен и обвинет во повеќе случаи.
До неговата смрт во летото 1998 г. сепак тој не бил осуден. Новини.бг






