Меѓународниот олимписки комитет да им забрани на спортистите од Русија и Белорусија да се натпреваруваат на меѓународни спортски настани, вклучувајќи ги и Олимписките игри во 2024 година, пишува „Киев Индипендент“.
Потписниците на, наводно 34 земји, бараат дека додека МОК не претстави функционален модел на „неутралност“, не се согласуваат руските и белоруските спортисти да бидат пуштени назад во конкуренција.
„Русија и Белорусија ја држат во свои раце можноста да го отворат патот за целосно враќање на нивните спортисти во меѓународната спортска заедница, имено со завршување на војната што ја започнаа“, се нагласува во соопштението.
Земјите кои ја поддржуваат забраната го вклучуваат и домаќинот на Олимпијадата во 2021 година, Јапонија, како и Италија, која ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри во 2026 година, Летните олимписки игри во 2028 година, САД, и домот на Олимпијадата – Грција.
На 25 јануари, Меѓународниот олимписки комитет објави дека има намера да им дозволи на руските и белоруските спортисти да учествуваат на Олимпијадата во 2024 година под неутрално знаме, и покрај барањето на претседателот Володимир Зеленски целосно да ги исклучи.
34-те земји кои го потпишаа заедничкиот став се: Австрија, Белгија, Канада, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Исланд, Ирска, Италија, Јапонија, Јужна Кореја, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Велика Британија и САД.







