Скопската полиција во текот на изминатото деноноќие изречила 310 казни во сообраќаајот.
За возење без возачка дозвола 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 106 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 17, 12 санкционирани мотоциклисти, 81 меркa за непрописно паркирање, а изречени се 37 казни за неносење на заштитна маска.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.





