Пратеникот Миле Лефков нема намера да му се извинува на министерот за здравство Венко Филипче за вчера објавените информации дека преку фантомската фирма власта се обидела да купи кинески вакцини по двојно повисоки цени.
Лефков вели дека наместо да пишува тужба како што најави министерот, тој да се подготвува за одбрана затоа што за корупцискиот скандал ќе има одговорност.
Лефков откри дека објавените документи кои укажуваат на сомнителни трансакции се од Централниот регистер на Хонг Конг а цената од 60 долари е двојно повисока од цените кои ги плаќале други држави за кинеските вакцини.
Целата изјава на Лефков






