29 лица се под медицински надзор поради контакт со 27 годишната жена од штипско која почина од Конго-кримска хеморагична треска, по убод од крлеж.
Одлуката за здравствен надзор во траење од 14 дена е поради тоа што болеста може да се пренесе и преку контакт со заразено лице, а не само преку каснување од крлеж.
Во овие четиринаесет дена треба да бидат под континуиран здравствен надзор и доколку пројават некакви симптоми да се јават на лекарски преглед. Пожелно е да бидат дома и да бидат дома и да бидат во домашни услови, затоа е и здравствениот надзор и затоа се издаваат овие решенија. Вкупно се 29 луѓе од кои 23 се здравствени работници, а шест се од потесното семејство – вели доктор Рената Младеновска – Директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Младата жена од штипско почина на Инфективната клиника во Скопје ,во четвртокот кога и беше дијагностицирана и болеста. Таа крлежот го извадила дома, а по неколку денови и се јавиле првите симптоми по што се јавила на штипската клиника. Потоа пациентката беше префлена на Инфективната клиника во Скопје.






