Дваесет и осумгодишен син со нож го прободил татка си по што починал. Убиството се случило вчера околу 16 часот во Скопје.
„Вчера околу 16 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.П.(28) од Скопје поради основи на сомнение дека со остар предмет во семејниот дом го убил својот татко Б.П.(75). Смртта е констатирана од Итна медицинска помош“, соопшти МВР.







