Јанша: Нели веќе ќе немаше селективна правда!

Поранешниот словенечки премиер, Јанез Јанша преку својот Твитер профил ја искоментира актуелната состојба во Македонија, а пораката брзо се прошири и на другите социјални мрежи.



Тој им се обрати на одредени политичари кои, според него, не го одржале дадениот збор.

„Па, @JHahnEU @FedericaMog @StateDept — колку што знаеме, вие сите ветивте вакви испади на селективна правда нема да бидат толерирани.“

Реакцијата на лидерот на Словенечката демократска партија „адресирана“ до Јоханес Хан, Федерика Могерини и американскиот Стејт депертмент, дојде ден по апсењата и приведувањата на лица осомничени за настаните од 27 април и упадот до македонското Собрание.