27 наставници по 7 години добија вработување на неопределено време

 

Денеска во Општина Ѓорче Петров беа доделени 27 решенија за неопределен работен однос на 27 наставници – по дури 7 години.



Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, истакна дека ова е значаен момент за наставниците, но и за целиот образовен систем во општината.

„Наставниците се темелот на образованието, нивната посветеност и труд заслужуваат почит и сигурност. Со оваа одлука овозможуваме стабилност и ги подобруваме условите за работа, што директно влијае на квалитетот на наставата. Општина Ѓорче Петров останува посветена на континуирани вложувања во образованието, бидејќи инвестициите во наставниците се инвестиции во иднината.“ – изјави Стојкоски.

Градоначалникот додаде дека општината активно работи на подобрување на инфраструктурните услови во училиштата, со тековни проекти за реконструкција на училишни објекти и создавање подобри услови за учениците и наставниците. Курир