Србија го собори Гинисов рекорд кој досега го држеше Јапонија откако на едно место се собраа 256 жени со исто име и презиме – Милица Јовановиќ.
Претставникот на Гинисовата книга на рекорди, Глен Полард, на организаторите на настанот им го врачи официјалниот сертификат со кој се потврдува новиот Гинисов рекорд.
Минатата година во Токио беше срушен светски рекорд кога во едно кино се собраа 178 луѓе, сите со името Хироказу Танака.
Тогаш беше соборен рекордот од 2005 година, кој го држеа 164 жени со име Марта Стјуарт.







