Бројот на загинати во стампедо на хиндуистичкиот верски настан во северна Индија се искачи на 121, објави новинската агенција ANI.
На настанот присуствуваче неколку пати повеќе луѓе од одобреното, се вели во полицискиот извештај.



Стампедото се случило во село во областа Хатрас, на околу 200 километри југоисточно од главниот град Њу Делхи.

Полицијата дозволи да се соберат 80.000 верници , меѓутоа околу 250.000 луѓе присуствуваа на настанот, објави Ројтерс.

Најмалку 121 лице загинаа, а 28 се повредени, објави ANI повикувајќи се на локални власти.

Меѓу жртвите 108 сe жени и седум деца…