2,5 милиони Бугари немаат доволно топол дом!

Бугарија е на прво место меѓу земјите на Европската унија чии граѓани не можат да си дозволат доволно да го загреат сопственниот дом, покажува студија на „Евростат“.



Во студијата априходите и условите за домување на граѓаните на ЕУ, се вели дека 8 отсто од населението на Европската унија (ЕУ) не можат да си дозволат доволно загреан дом.

Најголем процент на луѓе кои тврдат дека не можат да си дозволат адекватно затоплување на домот се во Бугарија (37%),  Литванија (29%), Грција (26%), Кипар (23%) и Португалија (20%).

Најмалку (близу до 2 проценти) такви случаи регистрирани во Луксембург, Финска, Шведска, Холандија и Австрија, пренесува БГНЕС.