На денешен ден во СФРЈ се славеше Денот на младоста, 25 мај, кој беше прогласен и за роденден на доживотниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито, иако тој е роден на 5 мај.
Манифестацијата се одбележуваше со слет на стадионот на ЈНА во Белгард, а кулминација беше предавањето на штафетата и пораката од неа, откако претходно ја носеа илјадници млади луѓе од сите краишта на некогашната држава.
Штафетата на младоста беше воведена во 1945 година на предлог на младинците од Крагуевац, како Титова штафета. Првите штафети Тито ги преземал во Загреб, а во годините по 1956, лично ги примал последните носители на штафетата пред Белиот двор во Белград, со свечен дочек на плоштадот.
Денот на младоста беше еден од најголемите празници во Социјалистичка Федеративна Република Југоспавија. Овој празник во првите години се одбележуваше само како роденден на Тито, а во 1957 година на негова иницијатива е прогласен за Ден на младоста.
Штафетата продолжи да постои и по смртта на Тито, како симбол на љубов и почит кон неговото дело.
Последен пат на белградскиот стадион беше одржан слет по повод Денот на младоста, а на 26 јануари 1988 година Сојузот на социјалистичката младина на Југославија го укина слетот.






