Денеска започна потпишување на петиција за поддршка на Македонците во Република Македонија и во светот.
Организаторот на петицијата вели дека се потребни најмалку 10.000 потписи за оваа петиција да направи разлика откако ќе биде поднесена до шефицата на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, премиерот Димитар Ковачевски, претседателот Пендаровски и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи како и други функционери на ЕУ.
Линкот до оваа петиција ќе биде испратен до Европскиот парламент, Комисијата и Советот заедно со писмо во кое ќе се наведе македонската загриженост за барањата на Бугарија и ревидираниот француски предлог.
,,Да и покажеме на ЕУ колку Македонци се противат на ова и не се задоволни од односот на ЕУ кон Македонија”, пишува организацијата ,,Окото на Македонија” во повикот за потпишување на интернет петицијата.
Текстот на писмото што треба да се потпише а ќе биде испратено до институциите на ЕУ можете да го погледнете на овој линк






