Секоја година германскиот модел Хајди Клум (43) е домаќинка на забавата на Ноќта на вештерките и секоја година нејзиниот костим е ненадминлив. Оваа година, Хајди се појави како волшебникот од „Трилер“ на Мајкл Џексон.

Минатата година, Хајди се појави како заводливата зајачица Џеси, лик од цртаниот филм. Претходно кога првпат беше домаќинка на Ноќта на вештерките, таа беше облечена во Дама и на забавата дојде на коњ, а во една од минатите години беше маскирана и во Бети Буп.

Во 2012 година Хајди беше маскирана во пеперутка и веднаш предизвика лавина од позитивни коментари за идеите и креативноста. Познато е дека повеќе од десет часови експертите работеа на костимот на Хајди кој таа го носеше во 2013 година.




