Најдобрата Македонска фудбалска селекција на 11 ноември во Скопје ќе ја дочека Норвешка во пријателска средба со која треба да ја затвориме успешната 2017 година. Селекторот на контролата и приоѓа мобилно, и со желба серијата од 4 меча во кои немаме пораз да продолжи.
„Нешто што е добро нема потреба да се менуваме. Кажав дека веќе имаме една добро селектирана група на фудбалери која почна да делува тимски како што посакуваме“ рече Игор Ангеловски на пресот на кој потврди дека и покрај добрата форма не го повикува Адис Јаховиќ, и дека тимот е всушност истиот од средбите со Италија и Лихтенштајн.
Црвено жолтите со познатите сили ќе истрчаат на Филип втори во Скопје против Норвешка за десет денаа и ќе се обидат да ја продолжат серијата успеси, две победи (Израел и Лихтенштајн) и 2 реми средби (Албанија и Италија) остварени во септември и октомври во последните 4 мундијалски квалификациски средби.





