„24 часа“: Бугарија сега ќе го тргне ветото, но ќе може подоцна да блокира!?

Според бугарскиот „24 часа“, во текот на следната недела се очекува компромис за спорот меѓу Македонија и Бугарија, така што Софија ќе добие гаранција дека во секое време ќе може да ја блокира Македонија откако земјава ќе ги почне преговорите.



Иформацијатра треба да се земе со резерва, откако вчера истиот медиум лиферуваше информација за наводна холандска и данска поддршка на бугарското вето, што екпресно беше демантирана.

Идејата, наводно, била на влијателни европски дипломати да ѝ се гарантирало на Бугарија дека нема „повеќе да биде измамена“, а на Скопје, дека нема да ја изгуби шансата за полноправно членство во ЕУ.

„Бидејќи повеќето наши барања, како што е отстранувањето на говорот на омраза во учебниците, не се нешта што се случуваат веднаш, Бугарија ќе има право на вето во секое време“, пишува „24 часа“.

Во случај на непочитување на договорите или неисполнување на која било од обврските, Софија во секое време ќе може да наметне вето.