„24 часа“: Сираци од Бугарија сексуални робови во Саудиска Арабија

Принцеза од Саудиска Арабија раскажала дека деца сираци од Бугарија, Романија, Банглаеш, Шри Ланка, Сомалија, Филипини, Џибути и Нигерија биле „купувани“ и најмени за сексуални робови во Саудиска Арабија, пренесува софијски 24 Часа.



Во интервју за францускиот „Монд“ принцезата Амира Бинт Ејдејн Бин Нејеф изјавилa дека ропството во Саудиска Арабија има различни форми, но се држи во тајна и е привилегија на луѓето од кралското семејство.

Принцезата е поранешна сопруга на саудитскиот принц Ал Валид бин Талал, кој неодамна беше уапсен во рамките на откриен корупциски скандал.

Во интервјуто на принцезата раскажува дека градот Џеда, се претворил во пазар на робинки, каде се малолетни девојчина се искористуваат за секс забави, кои вклучуваат употреба на наркотици и алкохол.

„Децата стануваат сопственост на тие што ги купуваат и немаат право да заминат без дозвола. Дури и слугите од азиските земји кои доаѓаат на работа, често стануваат робови. Младите девојчиња се поделени на помали групи и се експлоатираат за неморални дејства“.