Рускиот претседател Владимир Путин во западните медиуми честопати носи прекар „Човекот во црно“, а овој прекар го заработил благодарение на својата омилена боја. Меѓутоа, иако неговиот дипломатски протокол и строгите кодови за облекување оставаат малку простор за имагинација и развој на неговиот сопствен стил, Путин одлучи да ризикува и да го прошири спектарот на бои што ги носи. Управувањето со таква голема земја е огромна обврска, но мачо претседателот се чини дека го прави тоа без проблем, дејствувајќи многу уверено. Затоа го нарекуваат рускиот Џејмс Бонд.
Владимир Путин носи одела шиени по нарачка, а неговата омилени брендови се Kитон и Бриони, кои чинат најмалку 5.000 евра по парче. Спектарот на бои е доста ограничен за рускиот претседател и тоа се црна, темно сина или сиви нијанси, додека во лето си дозволува и светло сива боја. Се е познато однапред и комбинациите и боите обично се фиксни – со темно сина и сива боја оди светло сина кошула и темно сина вратоврска, и црн костум со бела кошула оди со црна или вратоврска во боја на вино.
Рускиот претседател сака ексклузивни брендови и добар изгледи, но претседателот не треба да се поврзе со нешта што го носи,затоа тој и неговиот стилист со децении користат една тајна. Всушност, пред да облече било што од облеката се отстрануваат сите етикети, и така никој нема да забележи колкава вредност има облеката на Путин.

Медиумите посебно внимание обрнуваат на часовниците на Путин, а нив наводно, ги има дури 11 примероци. Меѓу нив најскапиот е A. Lange & Söhne Tourbograph Pour le Merite кој чини околу половина милион долари, а на ракатана на претседателот може да се видат и часовници како Philippe Perpetual Calendar, Patek Philippe Calatrava, Breguet Marine i IWC Pilot’s Watch Mark XVФилип. Сепак, неговиот омилен бренд се Blancpain, еден од најстарите швајцарски брендови, од кој постојат пет примероци. На почетокот на изградбата на хидроцентрали Нижњабертск во 2010 година, Путин според традицијата го фрли неговиот часовник Blancpain во ископаните темели.Последните неколку години, Путин внимателно ги крие часовниците кои ги носи под ракавот од кошулата.




