Доколку утре има избори Македонија ќе добие нова влада (АНКЕТА)

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско
истражување во периодот помеѓу 4 и 6 мај 2022 на 1111 полнолетни испитаници на ниво
на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за
нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни
прашања во моментот.



Според анкетата во убедливо водство како најпопуларна партија е ВМРО-ДПМНЕ со рекордни 5 проценти разлика пред СДСМ од позиција на опозиција.

По ВМРО-ДПМНЕ СО 21,2 % следуваат
СДСМ со 16,2
ДУИ 7,3
Алијанса за Албанците 3,8
Левица 2,9
Беса 1,5
Алтернатива 1

12,8 % од гласачите се уште не решиле за кого би го дале својот глас.

17,3 проценти нема би гласале за ниту една партија а 16,1 % не сакаат да кажат за кого би гласале.

Предноста на ВМРО-ДПМНЕ од 5 проценти пред СДСМ изразена во бројки согласно избирачкиот список е околу 90 илјади гласа што е најголема предност што една опозициска партија ја имала во историјата на македонските анкети.

На претходната анкета на ИПИС ВМРО-ДПМНЕ имаше предност од 1,9 проценти пред СДСМ што значи дека за околу една година разликата се зголемила за 3,1 процент го корист на опозицијата.

Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата.

Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше
стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија.

Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.

Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на
партиите. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.