23 години капитулација, криминал… – Директорот на Канал 5 ги праша Албанците дали имаат причина да го слават Охридскиот договор

На денот на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор Директорот на Канал 5 Иван Мирчевски преку бизнис социјалната мрежа LinkedIn ги праша Албанците во Македонија дали имаат причина да го слават Охридскиот договор.



Мирчевски прашува дали воопшто некој македонски граѓанин треба да го слави Охридскиот договор со сите аномалии кои и се случуваат на Македонија.

,,23 год. капитулација, 23 год. криминал и корупција, 23 год. институционална и општествена декаденција, 23 год. промоција на бинационалност, 23 год. отселување на млади и работоспособни граѓани на Македонија, 23 год. мизерија на образованието и здравството, 23 год. непочитување на законите и девастиран правен систем , 23 год. промоција на неспособност и малоумност , 23 год. изживување врз животната средина и масовно загадување, 23 год. сиромашно население , без канализациски системи и питка вода, 23 год. партиско-политички клиентелизам, 23 год. немање на автопатишта без дупки, 23 год. најнесреќни граѓани.

Еве ги прашувам нашите албански сограѓани – живеат ли денес со повеќе евра во новчаникот поради двојазичноста на таблите? Дали обраќањето на Таљат Џафери на албански им ги лечи децата во клинички центар? Плачат ли нивните мајки како и другите мајки во Македонија кога децата ќе загинат, ќе бидат фатени со дрога или шверцуваат оружје? Читаат ли повеќе книги сега или пред 2001та?

Има ли некој воопшто причина да прославува денес нешто? Некој Македонец, некој Албанец, некој Турчин, Србин, Хрват, Евреин, Ром, Влав?
Денес треба сите колективно да тагуваме и да се прашаме, ќе изгубиме ли нови 23 год во чемер и јад”, прашува Мирчевски користејќи ги хаштазите:
#macedonia #23years #ohrid #framework #agreement #sadness

Мирчевски доби навреди наместо одговори

Шовинистички свињи, ѓубре, пушење и други лоши зборови

Тешки навреди и клевети – Газдата на весникот на албански јазик Коха бара бојкот на Канал 5 телевизија

Најчитани статии

Време е да запре стравот од пушката на Ахмети потпрена на рамото на многубројни квинслинзи, бара скопски адвокат

Нешто му смрди на човекот кој добро ги знае состојбите поврзани со политички пресметки

Екс обвинител до Кузеска: Блонди да го праша Спасовски и да го најде Јовески на клупите во парк