Мексиканската актерка Кејт Дел Кастиљо призна дека имала секс со холивудскиот актер Шон Пен. Сексот бил за време на снимањето на документарецот „Денот кога го сретнав со Ел Чапо“, изјави актерката во емисијата „Добро утро Америка“.
„Тоа не беше ништо посебно и јас не чуствувам нешто за него. Жал ми е, но ние сме двајца возрасни и нешто се случи, и тоа беше тоа“, изјави Кејт која ги негира гласините  дека спиела и со Ел Чапо, нарко шефот за кој снимија документарец со Шон.



Таа беше единствената личност која присуствуваше на разговор меѓу познатиот актер Шон Пен и Ел Чапо за време на снимањето на документарецот. Нејзините деловни агенти преговараат за снимање на биографски филм за него.
Ел Чапо е уапсен во февруари минатата година од страна на мексиканските маринци, најсилната полициска единица на федерацијата, а неговото апсење беше голема победа за мексиканската влада и правниот систем.