Среќниот сопственик на тикетот број 26590 ја освои најголемата награда на националната божиќна лотарија во Шпанија – 400 милиони евра.
Неверојатно популарната лотарија, позната како „Ел Гордо“ (Дебелиот), оваа година подели вкупно 2,24 милијарди евра. Покрај главната, поделени се многу помали награди.
Божиќната лотаријата во Шпанија што се одржува секоја година на 22 декември се смета за најбогата во светот според вкупниот износ на наградите иако други национални лоотарии имат поголеми индивидуални премии.





