22 години и шест месеци казна затвор за поранешниот полицаец Дерек Шовин за минатогодишното убиство на Џорџ Флојд на улиците во Минеаполис.
Обвинителите барале затворска казна од 30 години, што е двојно поголема казна предвидена со упатствата за сторителите на првото кривично дело. Судија Питер Кејхил, на почетокот на овој месец донесе одлука дека обвинителите поставиле основа за построго изрекување на казната за Шовин. Поротата го прогласи Шовин (45) за виновен на 20 април.
Одбраната на Шовин побарала условна казна и ново судење. Адвокатот на Шовин тврди дека на неговиот клиент не му било дозволено фер судење заради грешките на тужителот и на поротата.
Смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд изнесе милиони Американци на протести низ улиците против полициската бруталност и расно базираното насилство.






