Протест на илјадници луѓе против руската агресија и за поддршка на Украина се одржаа влера во голем број германски градови, објави Дојче веле.
Според „Стоп на војната“, која вклучува 42 организации, околу 125.000 луѓе учествувале на антивоени собири во Берлин, Хамбург, Лајпциг, Франкфурт на Мајна и Штутгарт.
Само во Берлин во акцијата учествуваа околу 60.000 луѓе, а во Хамбург околу 10.000.
Демонстрантите носеа плакати на кои пишуваше „Стоп за војната“, „Стоп Путин“ и „Помогнете и на Украина“.
Многу луѓе беа облечени во боите на националното знаме на Украина и носеа балони во исти бои – сина и жолта.
Во заедничката изјава, антивоените демонстранти го повикаа рускиот претседател Владимир Путин веднаш да ја прекине војната, да ги повлече своите трупи од Украина и да го почитува нејзиниот територијален интегритет.






