„Нашиот е одбранбен сојуз. Ние не бараме конфликт. Но, ако дојде до конфликт кај нас, ние сме подготвени за тоа и ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО“, предупреди американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска во Брисел пред собирот на министрите за надворешни работи на НАТО.
Предупредувањето доаѓаа во период кога сојузниците на НАТО сугерираат дека се обединети против руската агресија, но не се подготвени да воведат зона на забранети летови над Украина.
Дипломатскиот јазик како и финансиските и другите санкции се засилија во услови на зголемени цивилни и други жртви, како и огромни бегалски бранови од втората недела од инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин врз Украина.






