ТТК банка: Одбиен нападот од грчките хакери

Од ТТК банка го потврдија нападот од хакерите на таканаречената „Моќна грчка армија“ вно обидот за упад поминал без последици по компанијата.



„Благодарение на ефикасната заштита на системот и брзата реакција, интернет страницата по краток прекин, брзо беше вратена во функција и беше повторно достапна. Нема последици од нападот. Случајот е пријавен во МВР“ соопшти утрово ТТК банка.

Хакерите од „Моќна грчка армија” вчера објави дека извршиле упади во неколку македонски банки: ТТК Банка, Централната кооперативна банка, УНИ банка, Прокредит банка, Стопанска банка АД Битола, Шпаркасе, Комерцијална и други.