Од 19 до 25 август, тестирани се вкупно 597 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 1,8 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 213 нови позитивни случаи, со намалување од 21,4 проценти во однос на минатата недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.
Во тековната недела, регистрирани биле заболени лица во 18 градови. Најголем дел од регистрираните случаи биле од Скопје – 99, Кавадарци – 23, Охрид – 20, Тетово – 18, Битола – седумнаесет. Највисока инциденца била регистрирана во Кавадарци.





