Актерската екипа на популарната серија „Игра на тронови“ за време на снимањето на осмата сезона се соочува со невидени мерки на претпазливост со цел, заштита на сценариото. Така, како во старите театри, на актерите во секоја сцена им се диктира, суфлира текстот кој го го изговораат, со тоа што сега се користат т.н. бубачки односно софистицирани слушалки.



Актерот Николај Костер-Валдаи кој во серијата го игра Џејми Ланистер во забавното шоу „Skavlan“ ги опиша исклучително силните мерки на безбедност што се користат за време на снимањето на новата сезона и како се кријате деталите од приказната кои се чуваат во најстрога доверливост. Костер-Валдаи вели дека актерите за разлика од другите филмски сетови, во „Игра на троновите“ никогаш не го гледаат сценариото порано со цел да се подготват.

Тој додаде дека продуцентите не сакале да остават ништо на случајност околу сценариото, кое го чуваат далеку од очите на јавноста и како најголемото благо на светот.

HBO телевизија, која ја емитува „Игра на тронови“ оваа година веќе беше жртва на хакерски напади кои потоа резултираа со објавување на епизоди од серијата на интернет, и тоа далеку пред нејзиното објавување.

Серијата „Игра на тронови“ има добиено бројни награди, а се базира на романите на Џорџ Р. Р. Мартин од делата „Песна на мраз и оган”“.

HBO се уште не објави кога ќе се емитува осмата сезона.