Бројот на загинати во немирите во Јужноафриканската Република се искачи на 212, речиси двојно од 117 претѕходниот ден, соопштија властите.
Немирите беа предизвикани од затворањето на поранешниот претседател Шејкоб Зума.
Кон крајот на јуни, тој беше осуден на 15 месеци затвор за повеќекратно одбивање да се појави на распит во Антикорупциската комисија, која ги испитува наводите за повреди сторени од него за време на неговото владеење од 2009 до 2018 година.
Многу јужноафриканци ја поздравија пресудата, но приврзаниците на Зума излегоа на улиците во масовни протести. Беа запалени јавни згради, а многу приватни домови беа ограбени.






