Екс шефот на најмоќната македонска невладина организација во раководството на ВМРО-ДПМНЕ

Долгогодишниот екс шеф на невладината организација ,,Македонскиот центар за меѓународна соработка” и политички аналитичар Сашо Клековски, кој дваесетина години е на раководни позиции во граѓанскиот сектор, ќе влезе во новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.



Тој за Фокус потврдил дека ќе стане дел од раководството на опозициската партија односно на Извршниот комитет и најави дека изјава ќе даде по завршувањето на седницата на Централниот комитет, пред кој партискиот лидер ќе предложи нови членови на ИК, како и потпретседатели.

Предходно веќе излегоа информации дека нов член на ИК ќе биде и докторот Ристо Симеонов, а нови потпретседатели, покрај Александар Николоски и Владо Мисајловски, ќе бидат градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски и поранешната дополнителна заменичка-министерка за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска.