По барањето на официјална Софија и на граѓани на Македонија за влез на Бугарите во македонскиот устав пристигна уште едно барање за признавање на малцинство во уставот.
Група граѓани наречено Вевчанско движење на отпорот бара во преамбулата на Уставот да се запишате Вевчанците како државотворен народ.
,,Почитувана јавност,
Раководството на Вевчанското движење на отпорот на вчерашната вонредна седница расправаше во врска со последните настани и активности што се преземаат од страна на владата на Република Македонија, а се во насока на исполнување на барањето на Бугарија за измена на содржината во преамбулата на Македонскиот Устав, при што ја донесе следнава Одлука:
1. Доколку владата на Република Македонија прифати Бугарите да влезат во уставот како државотворен народ, тогаш Вевчанецот бара итно и неодложно и Вевчанците да влезат во македонскиот Устав како еден од државотворните народи на Македонија.
Нашето барање цениме дека е легитимно бидејќи ние Вевчанците сме многу побројни од Бугарите кои живеат во Македонија и дека Вевчанците се лојални кон државата Македонија”, стои во објавата на
Вевчанското Движење на Отпорот.






