Познатиот готвач Гордон Ремзи тврди дека кокаинот станал толку омилена дрога што некогаш  му било побарано да го користи во колачи.



„Со кокаинот се запознав прилично рано во мојата кариера. Ми го дадоа, се ракуваа со мене, ми го дадоа во мали количи …и ме замолија да го ставам на колачот, наместо шеќер“, рече Ремзи.

Бидејќи смета дека кокаинот доста длабоко навлегол во општеството и дека работите се „побегнати од контрола“, познатиот готвач одлучил да сними документарен филм: „Гордон Ремзи на кокаин“, во кој ќе го истражува глобалното влијание на оваа дрога.

За потребите на филмот кој ќе биде премиерно прикажан на 19 октомври, Ремзи посетил фарма за производство на кокаин во Колумбија, каде што растенијата во процесот на фармацевтската обработка се мешаат со цемент, сулфурна киселина, нафта и слични супстанци.

Велика Британија е главниот увозник на кокаин во Европа со триесет тони годишно.