2023 – година на успешни приказни за Аџибадем – Систина

За Здравствената групација „Аџибадем“ 2023 година беше година на постигнати цели и остварени проекти. Како водечка институција за здравствена заштита во Турција и во странство, „Аџибадем“ зачекори во 2024 година со мрежа од 24 болници и 16 медицински центри во 5 земји, привлекувајќи пациенти од целиот свет. Универзитетот „Аџибадем“, високообразовна институција од истиот бренд, ги заврши инвестициите во зелени алтернативии сега 100% од енергетските потреби задоволува од обновливи извори на енергија со приближно нулта емисии на јаглерод. По неодамнешното признание како осумкратен шампион на Турција за извоз на здравствени услуги, компанијата планира да продолжи со инвестиции во проширување на мрежата, подобрување на услугите и имплементирање на одржливи решенија за иднината.



Проширување на мрежата на болници и канцеларии за контакт

Во 2023 година, Здравствената групација „Аџибадем“ ја купи најголемата приватна болница во Измир, третиот по големина град во Турција и два медицински центри во истиот град. По отворањето на болницата „АџибадемАташехир“ со LEED златен стандард во септември 2022 година и стекнувањето на медицинските институции во Измир, мрежата „Аџибадем“ моментално опфаќа 24 болници и 16 медицински центри во пет земји, вклучувајќи ги Турција, Бугарија, Македонија, Србија и Холандија.

„Аџибадем“ го зголеми своето присуство на меѓународниот пазар, со 58 „Хелт Поинт“ (Health Point) канцеларии во 29 земји и 53 градови. Тие се канцеларии за контакт за меѓународни пациенти кои бараат второ медицинско мислење или се заинтересирани да добијат третман во болниците „Аџибадем“. Со повеќе од 400 вработени, „Хелт Поинт“ обезбедуваат информации, консултации и поддршка од 360 степени на меѓународните пациенти кои патуваат во Турција заради медицински услуги.

Инвестиции во технологија и иновации

„Аџибадем“ е позната по својот капацитет да се справува со сложени медицински случаи. Тоа е местото каде што неодамна беа одвоени споени близнаци, и беше извршена трансплантација на црн дроб на бебе тешко 8 килограми. Тоа е местото каде што за една година беа лекувани повеќе од 600 педијатриски пациенти со срцеви болести, вклучително и новороденчиња, со стапка на успех од над 95%. „Аџибадем“ беше прва болница во Турција и регионот што примени терапија со CAR Т-клетки – иновативен третман за рак што користи имунолошки клетки за напад на тумори.

Услужување пациенти, трогателни стории

Во 2023 година, повеќе од 5,5 милиони пациенти ја посетиле „Аџибадем“ заради здравствени потреби. Врз основа на анкетите на пациентите, нивната стапка на задоволство е 95%. Над 50.000 меѓународни пациенти од 5 континенти и 96 земји ја избраа „Аџибадем“ за нивно лекување. Од естетски и пластични операции до сложени третмани, минимално инвазивна и роботска хирургија, посветените тимови го пречекаа секој пациент со стручни вештини и хуман пристап.

Споени близнаци – Мултидисциплинарна хирургија: Пет-месечни близнаци, споени од предниот ѕид на градниот кош до абдоменот, дојдоа во болницата „Аџибадем Атакент“ од Алжир. Нивниот перикардиум и црниот дроб беа споени заедно, градниот кош и ребрата недостасуваа, а едно од девојчињата имаше тежок хидроцефалус, поради што нејзината глава забрзано растеше. По 6 месеци интензивна подготовка и планирање, вклучително и виртуелни операции на 3Д компјутерски модели, близнаците беа успешно одвоени со сложена операција од 9 часа. Повеќе од 100 лекари, медицински сестри и техничари ги здружија напорите во предоперативниот процес, операцијата и следењето. Четири месеци подоцна, девојчињата беа отпуштени и упатени дома, започнувајќи нов независен живот.

Роботска рехабилитација – Оштетување на нервите на ‘рбетниот мозок: Жена од Кувајт се соочи со полупарализа и ограничена подвижност поради оштетување на нервот на ‘рбетниот мозок за време на операција во матичната земја. И покрај тоа што бараше третман во САД и трпеше постојана болка, значаен напредок се случи дури откако се приклучи кон програмата на „Аџибадем“. По ригорозна 9-месечна програма за физикална терапија и рехабилитација, вклучително и последните 3 месеци со роботска рехабилитација во „Аџибадем“, таа сега може самостојно да оди и да се ангажира во секојдневните активности.

Радиотерапија – Рак на кожа (меланом): Пациентка од Бугарија боледуваше од голем тумор на образот. Дома нејзините внуци не можеа ниту да ја погледнат в лице. Таа имаше неколку операции, но туморот секогаш се враќаше. Во „Аџибадем“, пациентката беше третирана со радиотерапија и имаше одлична реакција: туморот целосно исчезна. Старата дама повторно почна да зборува и да си игра со внуците.

Третман на спастичност – Селективна грбна ризотомија (SDR): 4-годишно момче со церебрална парализа од Ирак страдаше од тешка спастичност и болни грчеви. „Аџибадем“ понуди селективна дорзална ризотомија, операција што се изведува на долниот дел на ‘рбетниот мозок за да се намали спастичноста или високиот мускулен тонус. По успешната SDR операција и едномесечната физичка рехабилитација во „Аџибадем“, семејството се врати во родниот град и таму продолжи со физикална терапија. Денес момчето има 5 години и може самостојно да се движи со патерици. Наскоро, тој ќе се оспособи да оди без никаква поддршка. Имајќи можност за подобар живот, тој станува посамоуверено и социјално момче.