Годинава која истекува е евидентирана како рекордна година по бројот на масовни убиства во САД.
Според податоците на агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП), весникот „Ју-ес-еј тудеј“ и Универзитетот „Нортистерн“, годинава биле регистрирани дури 41 напад, во кои загинале 211 лица.
За масовно убиство се смета секое во кое има над 4 убиени, без вклучување на евентуално ликвидираниот сторител што е најчесто случај.
Во 33 од вкупно 41 напад, било користено огнено оружје, а Калифорнија има најголем број масовни убиства во однос на останатите сојузни држави.
Иако годинава имало најмногу масовни убиства, сепак за „најкрвава“ се смета 2017 кога во масакри загинаа 244 лица.





