200 приведени по протест по повод 8 Март во Истанбул
Полицијата приведе околу 200 демонстранти во Истанбул доцна вечерта на 8 март, пренесува АФП.
Повеќе од 3.000 жени маршираа мирно низ центарот на градот за да го одбележат Меѓународниот ден на жената.
Со години, протестите се забранети на централниот градски плоштад Таксим но последниве години, властите толерираа собири во близина, иако под силно безбедносно присуство.
Демонстрантите носеа пароли со пораки како „Нема да молчиме, нема да се плашиме и нема да се потчиниме“ и „Да живее нашата феминистичка борба“.
Иако маршот заврши без инциденти, организаторите рекоа дека полицијата привела неколку демонстранти потоа.
„Откако заврши #FeministNightMarch и толпата се разоти без инциденти, полицијата почна да ги приведува нашите пријатели во чин на провокација“, напишаа организаторите на X.
„Со нашето барање да се запре насилството врз жените, да се ратификува Истанбулската конвенција против убиствата на жените и за социјални политики кои не го ставаат товарот на грижата на жените, ние ја продолжуваме нашата борба за 8 март – за демократија, еднаквост, мир и братство“, изјави за AFP Арзу Черкезоглу, претседател на синдикатот ДИСК.
Таа мислеше на одлуката на претседателот Реџеп Ердоган од 2021 година да ја повлече Турција од Истанбулската конвенција, која бара од државите да креираат закони насочени кон спречување и гонење на насилството врз жените.






