20 повредени откако се распадна рингишпил во руски град (ВИДЕО)

Околу 20 лица, меѓу кои и деца, се повредени во дефект на рингишпил во Оренбург, Русија, соопшти регионалната полиција.



Sтруктурата на рингишпилот буквално се поделиla на половина за време на возењето.

Од кабинетот на градоначалникот соопштија дека падот на рингишпилот е поради дефект на механизмот.

„Полицијата добила дојава за несреќата во која се повредени околу 20 лица, меѓу кои и малолетници“, се вели во соопштението, пренесува ТАСС.

Засега нема извештаи за загинати во несреќата.

Повредените се во болница, од кои една жена е во критична состојба, а едно дете е во тешка состојба. Останатите се во средно тешка состојба, соопшти прес-службата на Министерството за здравство на Русија.