Единствениот преживеан осомничен во нападите во Париз во 2015 година, во кој загинаа 130 лица, е осуден на 20 години затвор за неговата вмешаност во борбата со полицијата во Брисел во 2016 година.
Салех Абдеслам денеска беше осуден за обид за убиство на полицајци, заедно со својот соучесник Суфиен Ајари, кој исто така доби 20-годишна затворска казна од судот во белгискиот главен град.
На Абдеслам му се судеше за неговата улога во престрелка со полицијата.
Абдеслм, 28-годишен француски државјанин од марокански потекло роден во Белгија, беше уапсен во март 2016 година четири месеци по нападот во Париз во кој беа убиени 130 лица и за кој одговорност презема таканаречаната Исламска држава.
Еден период тој се сметаше за „мозок“ на терористичкиот напад во Париз, за што ќе има и друго судење.
Абдеслам беше екстрадиран во Франција во април 2016 година.




