Владата во Приштина понуди 20.000 евра како награда за оној што ќе даде информации за извршителот на нападот на автобусот во Глоѓан кај Дечани, кога загинаа три лица.
Во напад на автобус во Глоѓан во петокот вечерта загинаа двајца студенти и возачот на автобус .
Покрај двајцата смртно ранети ученици, опериран е и третиот средношколец ранет во овој напад и тој е надвор од животна опасност.
Меѓународните организации на Косово и Метохија, вклучително и американската амбасада, предупредија, како и претходните години, на можноста од терористички напади на Балканот, каде што го вклучија и Косово.
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека има се повеќе информации за убиството во Глоѓан , но дека осомничениот се уште е непознат, пренесува Коха.







