20 години затвор за Французинот кој канел мажи да ја силуваат неговата жена

Доминик Пелико, заедно со уште 50 мажи, ќе се соочи со затвор поради повеќекратно силување на неговата сопруга Жизел во текот на една деценија.



Тој беше осуден на максимална затворска казна од 20 години поради обвиненијата за тешко силување и обид за силување, јави Euronews.

Пеликот се изјасни за виновен дека ја дрогирал и силувал својата сопруга додека била во несвест речиси една деценија, канејќи други мажи кои ги запознал преку Интернет во нивната куќа да го сторат истото.

При изрекувањето на пресудата – тој се расплакал.

Судиите, исто така, одлучија дека сите други обвинети кои учествувале во шемата на Доминик Пеликот – вкупно 51 судење – се виновни за најмалку едно обвинение.

Полицијата ги пребарала електронски уреди на сопругот и пронашла „библиотека“ со домашно изработени слики кои го документираат долгогодишното малтретирање извршено врз неговата сопруга – повеќе од 20.000 фотографии и видеа во целина, складирани на компјутерски дискови и каталогизирани во папки со наслови како „злоупотреба“, „нејзините силувачи “ и „самво ноќта“.

Изобилството докази ја навело полицијата до останатите обвинети.

На видеата, истражителите набројаа 72 различни насилници, но не беа во можност да ги идентификуваат сите.