Управниот одбор на ЗНМ не гледа ништо спорно во тоа што сопругата на Мишко Иванов кој е еден од членовите на одборот на Здружението, доби партиска функција во СДСМ.
Околу ова се отворила широка дебата помеѓу членовите, но од ЗНМ децидно одговараат дека формално нема конфликт на интереси.
„ЗНМ во континуитет е организација која критички ги опсервира процесите во општеството кон оваа и претходната влада и ќе продолжи да работи во таа насока. Сметаме дека изборот на брачниот партнер на новинарот Иванов, Татјана Стојановска во дел од телата на СДСМ на ниеден начин нема да влијае во работењето на ЗНМ“ – велат за 1ТВ.
Од ЗНМ одбиле да одговорат на дополнителни прашања за спрегата која се јавува помеѓу новинарското здружение и владеачката партија, особено ако се земе предвид фактот дека токму ЗНМ како глас на новинарите учествува во креирањето на законите кои ја регулираат новинарската професија.




