Побегнатиот премиер Никола Груевски синоќа бил во вилата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, откако првата вечер во Унгарија ја поминал во хотелот „Коринтија“ во Будимпешта, јави 1ТВ.
Оваа информација ја пренесе екипата на 1ТВ која вчера доцна попладне замина во Унгарија да го лоцира екс-премиерот кој преку Фејсбујк соопшти дека е во Будимпешта и дека ќе побара азил од унгарските власти.
Денес се очекува екипата на 1ТВ заедно со нивните информатори од Унгарија да ги посети сите места каде што би можел да биде Груевски.





