МВР се заблагодари на граѓаните и медиумите за однесувањето за време на акцијата по најавата за напад

Вечерва МВР информираше дека пријавата за бомба во Македонскиот народен театар била лажна.



“МВР ги направи потребните проверки и утврдено е дека пријавата за напад е лажна. Се преземаат мерки за утврдување на пријавата и преземање на соодветни мерки и санкции против личноста која лажно пријавила. Им благодариме на граѓаните за трпението, и на медиумите за професионалниот однос кон ситуацијата”, информираат од МВР по хаосот и паниката што вечерва се случи во центарот на Скопје откако непознато лице предупредиле дека ќе има напад во МНТ.

МВР: Непознато лице телефонски најавило напад во билетара на МНТ