Две третини Американци имаат проблем со начинот на кој Заев се пресметува со ВМРО-ДПМНЕ

Во САД истражувањето на јавното мислење на Pew Research покажува дека употребата на зборот зло за политички ривали е спорна и контроверзна.



Истражувањето на тема “Границите на политичката дебата и критицизмот” направено во 2019 година за состојбите во САД индиректно покажува дека тоа што сега го прави Заев нарекувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ зло е спротивно на доминантните американски етички и политички принципи.

Над една третина Американци се апсолутно против употреба на терминот зло за политички на политички противник а повеќе од две третини од Американците имаат општ проблем со терминот зло што го употреби Заев за ВМРО-ДПМНЕ во два наврати за два дена.

За прифатливоста да се наречат позициите на политиката на противникот „зли“ – 35% велат дека ова никогаш не е прифатливо, 34% велат дека е ретко прифатливо, 25 % велат дека е барем понекогаш прифатливо а 6 сметаат дека секогаш може да се користи зборот зли за опис на политиките на опозицијата.

Засега нема достапно истражување за опишување на цела партија како зло.

Линк до целото истражување

https://www.pewresearch.org/politics/2019/06/19/the-bounds-of-political-debate-and-criticism/