Заразени 19 лица со Ковид 19, Србија затвора гранични премини!

Српското Министерство за здравство соопшти дека веќе се регистрирани 19 случаи на коронавирус, откако утрово е детектиран уште еден.



Вкупно 18 потврдени случаи беа регистрирани до 20 часот на 11 март 2020 година.

“Од последниот извештај до 8 часот, на 12 март 2020 година, беа тестирани примероци од 9 од кои 1 беше позитивен и 8 негативни на новиот вирус корона “, се наведува на веб-страницата на Министерството за здравство.
Од утрово, три гранични премини се затворени од Србија кон Хрватска и неколку гранични премини од БиХ или Република Српска кон Србија.

Хина извести дека преминот Батина-Бездан е затворен утрово од 7 часот наутро и затворен е железничкиот премин Ердут-Богоево, како и преминот река Апатин.

Б92