Најснаодлив и најсреќен помеѓу неколкуте стотини капачи кои запливаа во осветените студени води на Охридското Езеро денеска беше Васко Довлев од Варош кој го фати крстот што на празникот Богојавление Водици.



„Скокам многу години. Уште од мал се капам. За првпат го фаќам крстот. Чувството е многу убаво. Едноставно во раце ми дојде, чувствував дека е за мене. Падна до мене и само ја пуштив раката. Чувствував, едноставно со верба во Бог, одев во црква и постев и кога имаме верба се ќе биде. Најбитно здравје, среќа, љубов на сите“ рече 19 годишниот Довлев за Охридњуз..

Одбележувањето на големиот верски празник Богојавление-Водици и годинава се одржува во организација на Дебарско – кичевската епархија и локалната самоуправа, а со поддршка на јавните претпријатија, Црвен крст Охрид, нуркачките клубови, здравствените установи, ТППЕ Охрид, СВР Охрид.