Без никакво медицинско образование, 19-годишна Бугарка се преправала дека е докторка во Велика Британија, јавува Њуз.бг
Кремена Здравкова е осудена на една година условна казна во Англија и забрана за посета на здравствени установи во земјата, откако дури се обидела да лекува пациент во болница во Лондон, во присуство на двајца полицајци кои го донеле.
Лажната лекарка внимателно се однесувала кон пациентот и успеала да му вбризга супстанца која се уште не е идентификувана од полицијата.
Наводната лекарка неодамна пристигнала во Британија.
Нејзината одбрана објави дека се омажила на 14 години и родила близнаци, поради што не можела да го продолжи образованието.
Нејзините адвокати тврдат дека „цел живот“ сонувала да стане лекар, но поради раниот брак не можела да ја оствари својата желба.
Жената пред да биде изречена пресудата одлежала 35 дневен притвор…






