Коњановски ги поддржа родителите кои бараат образовни реформи по мерка на ученикот

Кандидатот за градоначалник на Битола од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски учествувал на трибина на граѓанската иницијата „Учебници и настава мора да има”. Како што вели во целост ги поддржува родителите и ќе им помогне нивните деца да имаат квалитетно образование.



„Почитувани сограѓани пред се да искажам јавна благодарност до комисијата за образование која што не покани на оваа трибина. Имено едни не бркаат, односно лично ме протераа од нивната трибина други сакаат да го слушнат гласот на родителите. Истото ќе го зборував таму што го зборував и тука, нам ни се потребни реформи по мерка на ученикот ние родителите се залагаме да ги промениме законите во основно образование, да ги отргнеме децата од сексуализацијата, децата од која што оваа власт сака да ги наметне, да ги отргнеме од дискриминација и да воведеме да го испочитуваме законот кој што вели дека имаме бесплатно образование за сите ученици. А ние денес тоа го немаме имаме општа поделба на учениците, поделба со недостатоци на учебници со недостатоци на дигитални уреди и сето ова не потикна нас на оваа борба. Не само ВМРО ДПМНЕ јас ги повикувам сите политички партии да ни излезат во пресрет и во законодавниот дом да ни ја дадат поддршката кога ќе донесеме промена на законот за основно образование кој што е повеќе од потребен и нужен да се направи затоа што ние имаме деца и децтвото нема реприза ова е со цел да ги заштитиме нашите деца и да им дадеме образование по мерка на ученикот” – пишува Коњановски.

Видео од Драгана Спасевска – граѓански активист УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА

Инаку, Коњановски во својата програма за локалните избори ветува декс Битола ќе биде современ образовен центар.

„Како нова локална самоуправа веднаш започнуваме со планирање, проектирање и отпочнување со изградба на ново основно училиште во населбата Буковски ливади.
Гарантираме, подобрување на условите во основното образование во руралните средини со две монтажни училишта по примерот на училиштата во Крклино и Поешево.
Гарантираме зголемување на капацитетите за згрижување во предучилишното образование, со изградба на градинките во областа Касарна и Нова Битола.
Веднаш пристапуваме кон формирање Центри за детски развој за згрижување на децата во предучилишното образование во поголемите рурални подрачја (Горно Оризари, Логоварди)” – вели Коњановски.

Во продолжение дел од неговата програма:
Гарантираме еднакви можности за образование на сите – стипендии за ученици и студенти од социјално загрозените семејства во соработка.
Гарантираме вработување на најдобриот студент во генерацијата согласно потребите на локалната самоуправа и останатите нејзини институции.
Ќе инвестираме континуирано во наставниот кадар преку обуки, тренинзи, организирање стручни и научни конференции.
Гарантираме реконструктивни интервенции во сите основни и средни училишта и нивно прилагодување на вонредно настаните услови со КОВИД 19 пандемијата, како и обезбедување ИТ опрема за училиштата и таблети за учениците од ранливите категории.
Гарантираме зголемување на бебзедноста на училиштата и градинките со видео – мониторинг и комплетно осветлување, физичко обезбедување и оградување и средување на дворните површини во двете детски градински.
Веднаш започнуваме со донесување ЛОКАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ согласно пазарот на трудот и неговите потреби, со активно вклучување на Деловната заедница.
Континуирано ќе водиме кампања за подигнување на свеста кај родителите на децата Роми за важноста на предучилишното, основното, средното и високото образование.
Ќе формираме АСОЦИЈАЦИЈА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО ВО КОЈА ЌЕ ЧЛЕНУВААТ РОДИТЕЛИ, ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ДЕЛОВНАТА ЗАЕДНИЦА, НАСТАВНИЦИ, ДИРЕКТОРИ, ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ.
Гарантираме дека Битола ќе биде современ образовен центар! стои во програмата на Коњановски.